Локализирани кичевските пожари

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Пожарот што од вчера ја зафати боровата шума на подрачјето на општина Осломеј, меѓу селата Стрелци, Ново Село и Србица се држи под контрола.

Двата противпожарни авиони од авио-одделението на Дирекцијата за заштита и спасување денеска повторно се ангажирани од 6 часот утрово.

На терен беа и се уште се ангажирани територијалната противпожарна единица, вработени од Шумското стопанство „Лопушник“, а градоначалникот на општина Осломеј го ангажираше и локалното население во гаснењето на пожарот.

Главната координација за гаснење на пожарот ја води раководителот на подрачното Одделение за заштита и спасување Кичево со градоначалникот на општина Осломеј.

 

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.