Десет знаци дека имате вистинска пријателка

Вистинско пријателство, како и вистинска љубов, тешко е да се најде. Но, ако ги препознавате следните десет знаци во вашиот однос со пријателката можете да бидете сигурни дека таа е таа вистинската. Поради тоа чувајте ја таа врска и негувајте ја, бидејќи искрените пријателки ви го разубавуваат животот на посебен начин.

1. Сакате исти серии. Дружејќи се со години, сте развиле сличен, ако не и ист вкус. Дури ако некогаш почнете да разговарате за Кери Бредшоу и Саманта Џонс од „Сексот и градот“, како да се дел од вашето друштво. Некогаш може да се случи да се договарате за излегување на кое секоја ќе глуми една од тие две.

2. Во исто време кажувате иста работа. Луѓето кои поминуваат долго време заедно, попримаат сличен начин на говор и често користат исти изрази, а некогаш ви се чини дека една на друга си ги читате мислите бидејќи кажувате иста работа во исто време.

3. Луѓето прашуваат дали сте роднини. Да вистина, луѓето кои често се заедно и наликуваат едни на други, но и ако воопшто личите една на друга луѓето претпоставуваат дека сте сестри, бидејќи веднаш им е јасно дека сте многу блиски.

4. Им се заканува на момчињата со кои излегувате. Вистинската пријателка ја презема улогата на вашите родители и се грижи да не ве повреди вашето момче со кое излегувате, па низ шега но мислејќи сериозно вели: Ако ја повредиш, ќе имаш работ асо мене.

5. Не се осудувате меѓусебно. Таа нема да ве осудува ако гледате некое реалити шоу, туку трпеливо ќе слуша како ги прераскажувате авантурите на идните младенци или трагачи по злато.

6. Ве видела во најголем плач. Пред неа не мора да ги криете солзите. Имате голема доверба во неа и не ви е срам да заплачете пред неа како лута година и да ја олесните душата.

7. Го познавате нејзиниот вкус и стил. Понекогаш кога сте сами во шопинг гледате нешто што таа сигурно би го купила, па веднаш и се јавувате и ја прашувате дали сака да и го купите тоа.

8. Понекогаш во сабота навечер сакате да се дружите дома, наместо да излезете во град. Вашата заедничка забава не подразбира само излегување во ноќни клубови и флертување. Добро ќе си поминете и ако останете дома, гледате филмови и јадете пуканки.

9. Се доверувате една на друга за нешта за вашите момчиња. Дури и нај интимните работи како што се проблеми во креветот. Вистинската пријателка нема да се насладува со тоа, туку ќе ви каже дека состојбата ќе се подобри или ќе ви даде совет.

10. По подолго време на одвоеност продолжувате таму каде што сте застанале, како да сте се виделе вчера. Не сте се виделе некое време, но кога повторно ќе се сретнете се е по старо, како да тоа време воопшто да не поминало.