Инвеститор донел одлука за изградба на погон во Кичево со 1.000 вработувања

Компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња планира да отвори фабрика во Македонија со околу 1.000 нови работни места, нагласи премиерот Никола Груевски во денешното гостувањето во Дневникот на ТВ „Сител“.

-Станува збор за компанија, за која не смеам се уште да го откријам името, таа самата треба да објави, која ќе инвестира во Кичево, а ќе производува воздушни перничиња, рече Груевски.

Тој воедно најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во Македонија, дел од нив веќе започнале со изградба на своите производствени капацитети, а дел се во завршна фаза на објавување на нивните инвестиции.

Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата „Макарт“, која што ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата „Амфенол“ која е сместена во Кочани, а која што најавува околу 2.000 вработувања.

Премиерот говореше и за украинската инвестиција која купи три концесии за рудници, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)