11- те правила за успех на Бил Гејтс

Најбогатиот човек на планетата, Бил Гејтс, кој животот кој пораснал во „обично“ семејство, неодамна одржал предавање во едно американско училиште. Гејтс на учениците им кажал 11 правила за успех кои нема да ги научат на училиште:

– Телевизијата не е вистинскиот живот. Во реалноста луѓето мора да го напуштат домот и да заминат на работа.

– Животот не е поделен на семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да ти помогнат да се најдеш себеси. Тоа прави го во слободното време.

– Твоето училиште има начин за решавање кој победува, а кој губи, животот нема. Во некои училишта ги укинаа негативните оценки и ти даваат безброј прилики да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот.

– Животот не е фер, навикни се на тоа!

– Светот не е заинтересиран за твојата самопочит. Светот те прифаќа доколку постигнеш нешто пред да почнеш да се чувствуваш добро во твојата кожа.

– Нема да заработуваш 60.000 долари годишно веднаш штом ќе излезеш од средно училиште. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон сѐ додека не го заработиш тоа.

– Ако мислиш дека учителот е строг, чекај да добиеш шеф.

– Печењето хамбургери не е срамота. Твоите предци имале друг збор за печењето хамбургери: тоа го викале шанса.

– Ако згрешиш, не ти се виновни родителите, не кукај над грешките, учи од нив.

– Биди љубезен кон бубалиците. Големи се шансите дека ќе работиш за некого од нив.

– Пред твоето раѓање твоите родители не биле досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека и слушањето како зборуваш дека си „кул“. Затоа пред да ги спасиш шумите од паразити, среди го плакарот во сопствената соба.