152 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци

Категории: Македонија

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска го одбележува патрониот празник – 152 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на браќата Миладиновци.

– Браќата Миладиновци се почетници на македонската книжевност. Ова е многу значаен ден за Центарот за култура, за Струга и за цела држава, бидејќи со Зборникот се презентира идентитетот на македонскиот народ, рече директорката на Центарот Слободанка Попоска.
Петар Аврамоски, автор на публикацијата „Прилози и студии за Миладиновци“, која е збир од трудови, автентични истражувања и репрезентативни студии на Аврамоски значајни за животот и делото на браќата Миладиновци, смета дека зборникот е најзначајната книга на македонскиот 19 век. Тој речиси дваесет години од своето творештво ги посветил на струшките преродбеници Димитар и Константин, но и на нивниот среден и помалку познат брат Наум.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,