Над 160 кичевски средношколци немаат превоз, од општината недостапни за одговор

Категории: Кичево, Слајдер

И по еден месец средношколците од Лисичани, Вранештица, Челопеци, Староец и Пласница се оневозможени да ја посетуваат наставата во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, јавува дописникот на Канал5. Немаат превоз. Жителите од овие села се сомневаат дека кичевската локална власт прави селективен пристап по национална основа, бидејќи за 100 ученици од Зајас и Осломеј, превоз има.

 

Наместо во училиште седат дома иако дел од нив оваа година се матуранти.

– Дома сме еден месец. Бевме и кај градоначалникот, ни рече дека ќе ни пуштаат превоз од 20-ти септември, вели еден ученик.

Учениците за кои нема превоз се пред се од социјално загрозени категории на семејства.

– Од 1-ви септември немаме автобус, а на сите ние се оди нашколо бидејќи сме матуранти, вели друг ученик

Во гимназијата Мирко Милески јавно не говорат за овој проблем, туку за одговор упатуваат кај надлежните во општина Кичево, бидејќи сметката од оваа установа е блокирана за долг од близу 20 милиони денари. Бидејќи неможат да плаќаат за превоз обврската ја презеле локалните власти.

Во гимназијата има 1100 ученици од кои 240 патуваат, а над 160 поради необезбеден превоз не доаѓаат на настава. Локалните власти во општина Кичево за овој проблем се недостапни.

Вчера, министерот за образование, Абдулаќим Адеми во изјава кажа дека е запознат за проблемот и се надева дека од следниот месец истиот ќе биде надминат и учениците ќе можат редовно да посетуваат настава.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,