Кичевските советници ќе расправаат за распределба на блок дотациите за училиштата

Категории: Кичево, Слајдер

Кичевскиот совет утре ќе ја одржи 23-тата седница. Меѓудругото ќе се расправа и за критериумите за распределба блок дотациите на основните и средните училишта на територијата на Општина Кичево за кои е надлежна самата општина.

Меѓудругото, советниците ќе го разлгедуваат и кварталниот извештај за реализирањето на општинскиот буџет за оваа година. Седницата ќе започне во 10.00 часот.

Предложен е следниот дневен ред:

1. Предлог Правилник за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите на основните училишта на територијата на Општина Кичево.
2. Предлог Правилник за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите на општинските средни училишта на територијата на Општина Кичево
3. Предлог Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Кичево за 2014 година.
4. Предлог Одлука за измена и дополна на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Кичево за 2014 година.
5. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кичево за 2014 година, за квартал 3.
6. Предлог Одлука за вршење на траен отпис на даночни обврски.
7. Предлог План на програми за развој.
8. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за село Трапчин Дол, заради вклопување на бесправен објект на К.П. бр. 546 и К.П. бр. 547, КО Трапчин Дол.
9. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за село Трапчин Дол, заради вклопување на бесправен објект на К.П. бр. 113, КО Трапчин Дол.
10. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Детален урбанистички план за населба „Девичо“, донесен со одлука на Совет бр. 07-1320/2 од 07.09.2000 година Општина Кичево.
11. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Детален урбанистички план за населба „Календерица II“, заради вклопување на бесправни објекти, за КП. бр. 888, КО Кичево 3.
12. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Детален урбанистички план за „Бала Маало“, донесен со одлука на Совет бр.07-1016/4 од 14.07.2000 година, Општина Кичево на К.П. бр. 1718, дел на К.П. бр.1719 и К.П. бр. 4347/1, КО Кичево 7.
13. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Детален урбанистички план за „Бала Маало“, донесен со одлука на Совет бр.07-1016/4 од 14.07.2000 година, Општина Кичево на К.П. бр. 1127 и К.П. бр. 1125, КО Кичево 7.
14. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за населено место Длапкин Дол, Општина Кичево, на КП.бр.346, КО Длапкин Дол.
15. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за населено место Длапкин Дол, Општина Кичево, на К.П. бр. 70/4, КО Длапкин Дол.
16. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за населено место Мамудовци, Општина Кичево, на К.П. бр. 576, КО Лазоровци.
17. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на Урбанистичка документација за населено место Стрелци, Општина Кичево, на К.П. бр. 1156/1, 1189/5. 1157/2 КО Стрелци.
18. Предлог Одлука за пристапување кон донесување на Деловник на Советот на Општина Кичево.
19. Информација за превземени градежни дејствија на јавна површина во државна сопственост, на автобуската станица во Кичево

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,