Утре ќе се одржи 27-от Охридски пливачки маратон

Категории: Спорт

Уживајќи во статус на најголем спортски меѓународен настан во државата веќе 59 години, секоја година Охридскиот Пливачки Маратон ја привлекува пливачката елита од целиот свет. Оваа година на 24ти Август по 27ми пат истиот е дел од 15те маратони од листата на Светската Пливачка Федерација ФИНА како еден од најважните маратони со високо реноме.

Ќе настапуваат 30 натпреварувачи од кои 19 мажи и 11 жени и ќе пливаат на 30 километри долгата патека, почнувајќи од манастирот Св. Наум се до градското пристаниште, пропратена со 10 контролни точки. Оваа трка е претпоследна трка во серијата Open Water Grand Prix.

Како и секоја година  така и оваа генерален покровител на Охридскиот Маратон е Претседателот на Република Македонија Господинот Ѓорѓе Иванов.

Стартот на трката е закажан во стандардниот термин од 12 часот, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат после 17 часот, зависно временските услови.

Наградниот фонд за Охридскиот маратон што се одржува во организација на Македонската пливачка федерација изнесува десет илјади долари.

Неприкосновен победник на охридскиот маратон е бугаринот Петар Стојчев, кој има триумфирано дури 11 пати и е носител на рекордот на патеката, испливана за 5:19:30 часа. Стојчев е во Охрид, но не како пливач туку како дел од стручната придружба на нашиот маратонец Стефановски.

Охридскиот маратон е претпоследен во календарот на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Последниот маратон од серијата ќе се плива на 1 септември на патеката Капри кај Неапол.

Пливачите кои ќе настапа се следни:

Пливачи

Мажи

Земја

1

Ciaramella Fernando Dario

ARG

2

Afonevic Ivan

RUS

3

Smolka Libor

CZE

4

Yordanov Tsvetan

BUG

5

Milan Marin

CRO

6

Evangelista Matheus

BRA

7

Stocino Edoardo

ITA

8

Ercolo Simone

ITA

9

Aleksandar Ilievski

MKD

10

Hedel Toanes

FRA

11

Reymond Axel

FRA

12

Damian Blaum

ARG

13

Simon Pistor

GER

14

Evgenij Pop Acev

MKD

15

Tomi Stefanovski

MKD

16

Aleksandar Pancevski

MKD

17

Aydarski Ventsislav

BUG

18

Ryckeman Brian

BEL

19

Bertola Guillermo

ARG

Жени

1

Kozydub Olga

RUS

2

Rybarova Silvie

CZE

3

Petti Noelia

ARG

4

Sitic Karla

CRO

5

Ivanova Lidija

BUG

6

Levacic Dina

CRO

7

Simonazzi Nikoletta

ITA

8

Grimala Martina

ITA

9

Nunez Morera Esther

ESP

10

Mankevich Anna

RUS

11

Lexie Kelli

USA

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,