Одржан 29-от противпожарен квиз натпревар „Кичево 2013“

Категории: Кичево, Слајдер

Во организација  на Општинскиот против пожарен сојуз од Кичево и Противпожарниот сојуз на Македонија , на ден 15.11.2013 година ,во просториите на ОУ-„др.Владимир Полежиноски“, се одржа 29-от традиционален општински противпожарен  квиз натпревар.

Според изјавата на Председателот на Општинскиот  против пожарен сојуз-Кичево г-дин. Гоце Богданоски овој квиз натпревар  се одржува традиционално по двајсетидевети пат на  целата триторија во република Македонија, на кој натпеварувачите ги покажуваат своите знаења  стекнати од областа на противпожарната заштита.

На овој квиз натпревар учествуваа екипи од ОУ-„Христо Узунов“ од с. Другово,  и две екипи од ОУ-„Санде Штерјоски“од Кичево, ОУ-„Кузман Јосифоски-Питу“ од Кичево, ОУ-„Др. Владимир  Полежиноски“ од Кичево и екипа од Доброволното  противпожарно друштво – Кичево.

Натпреварот се одржа во категорија Кадети односно ученици до  седмо оделение и категорија Јуниори во која влегуваат ученици од осмо и девето одделение и ученици од средните училишта.

Во категоријата Кадети  првото место го освои екипата од ОУ-„Санде Штерјоски“од Кичево под менторство на наставникот Белул Фетоја.

Во категоријата Јуниори првото место го освои екипата од ОУ-„Христо Узунов“ од с.Другово. под менторство на наставникот Дејан Стојкоски.

Овие две екипи ќе го преставуваат Општинскиот против пожарен сојуз Кичево ,на 29-от регионален противпожарен  квиз натпревар што ќе се одржи на 27.11.2013 година во Ресен.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,