Tриесет отсто од породувањата се со царски рез, да се почитува упатството базирано на светски практики

Категории: Македонија

Todorov-Press-

Генерално во Македонија вкупниот процент на породувања со царски рез изнесува 30 отсто Тоа е висок просек споредено со сите околни држави. Така на пример, во Србија, Хрватска, Словенија тој процент е за 10 отсто понизок и се работи согласно светските протоколи.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање. Посочи дека гинеколозите во породилиштата во државата треба да го почитуваат Упатството за практикување медицина заснована на докази при царски рез и да вршат царски рез ако постојат медицински индикации за тоа.

– Не станува збор за ограничување на правото за царски рез, туку само за измени во Упатството кое се базира на светски практики по медицина базирана на докази за царски рез односно кога треба да се прави, а кога не треба, истакна Тодоров.

Додаде дека станува збор за протокол преземен од најпозната база на протоколи во светот, имплементиран во Англија, Франција, Швајцарија и во многу други земји.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,