Околу 450.000 сириски христијани се бегалци поради конфликтот

Околу 450.000 сириски христијани се бегалци поради конфликтот во земјата, истакна патријархот на Мелкитската византиска источнокатоличка црква Григориј Трети Лахам.

Во Сирија христијаните сочинуваат пет проценти од вкупното население. Многумина од нив го поддржуваат режимот на Башар ал Асад, бидејќи се плашат од џихадистите и нивната улога во бунтот.

Според патријархот, евентуалната интервенција врз Сирија само ќе ги зголеми страдањата на христијаните и ќе доведе до разурнување на земјата и сите нејзини верски заедници.

Тој нагласи дека најголема опасност во Сирија претставува ширењето на сунитските екстремистички движења, кои не толерираат поинакво мислење од нивното.

Од почетокот на конфликтот во Сирија над 2 милиони луѓе се водат како бегалци.