Годишнина од пострадувањето на Пречистанските Преподобнномаченици

Денес се обележуваат 455 години од пострадувањето на тројцата Пречистански Преподобномаченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, на 9 април ( односно 27 март стар стил) 1558 година.

Тоа се случило во петтата недела од светата Четириесетница, во време кога браќата во манастирот, вкупно 15 на број, ја служеле светата Литургија. Веста за пристигнувањето на Османлиите ќе ги исплаши монасите кои земајќи ги светите садови, ќе ја довршат литургијата во близина на манастирот и ќе се причестат. Биле дванаесетмина. Во манстирот по своја воља останале монасите  Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј кои маченички пострадале.  Нивните браќа ги нашле и ги погребале во месноста „Господинец“.

При тоа бил запален и уништен и самиот манастир кој по неколку години, во 1564 повторно ќе биде обновен.

Пречистанските Преподобномаченици беа канонизирани за Свети на 2 август 2012 година на големиот народен собир во манастирот Света Богородица Пречиста Кичевска. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Македонската Православна Црква Г.Г. Стефан.

Прочитајте го Краткото житие на светите Пречистански преподобномаченици.