7 годишно дете од Кичево вдишало свирче

Категории: Кичево

7 годишно дете од Кичево додека си иглало со “свирче” несакајќи го вдишало. Предметот се заглавил во белите дробови. Детето почнало отежнато да дише и добило силни болки во градите. Како итен случај, во исклучително тешка тешка состојба вчера попладне било донесено на клиниката за уво,нос и грло. Веднаш било оперирано. Од дома бил повикан и шефот на операционите сали на клиниката д-р Горан Мицевски. Еден час лекарите го ваделе страното тело од белите дробови на детето. Свирчето било локализирано во десниот главен бронх. Среќна околност е што детето навреме било донесено на клиника.

-По направената интервенција детето е во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро. Ќе остане на клиниката за уво,нос и грло до понеделник за да можеме одблиску да ја следиме неговата состојба и како закрепнува, вели за здравство24 д-р Горан Мицевски, шеф на одделот за интервентна ендоскопија на клиниката.

Ова е несекојдневен случај, но за среќа се се заврши добро, додава д-р Мицевски. Тој апелира до сите родители да внимаваат и во близина на мали деца да не оставаат кикирики,леблебија и ситни предмети за да не дојде до вакви несакани ситуации.

Здравство 24

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,