Кичевскиот совет утре ќе ја одржи 9-тата седница

Советниците од Општина Кичево утре ќе ја одржат 9-тата седница со почеток во 10:00 часот. На дневен ред има 17 точки по кои ќе се расправа и тоа:

Дневен ред

1. Усвојување на Годишна програма за работа на ЈОУ за деца – детска градинка “Олга Мицеска“ Кичево за учебната 2013 -2014 година.
2. Предлог Одлука за именување на Претседател и членови на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќај на патиштата на Општина Кичево
3. Предлог Одлука за определување на име на дел од објектот на СОУ “Дрита“ 1 и СОУ “Мирко Милески“ – Кичево.
4. Предлог Одлука за промена на име на улица.
5. Предлог Одлука за донесување на ДУП за населба “22-ри Декември“ Блок 42 – Општина Кичево, 2012 -2017 (0,63ха) – Општина Кичево.
6. Предлог Одлука за донесување на ДУП за населба “Карпош 1 и 2“ УЕ “Б“ Блок Б6 – дел Општина Кичево, 2012-2017 (1,0368 ха) Општина Кичево.
7. Предлог одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ДУП за населба “Календерица – 1“ УБ “Б“ – дел -2 Општина Кичево.
8. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација за КП.бр.815 и на КП.бр.816 КО Црвевци, заради утврдување на правен статус на бесправни објекти.
9. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација за КП.бр.1288 КО Бачишта, заради утврдување на правен статус на бесправни објекти.
10. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација за населено место Грешница, Одлука на совет бр.07- 78/9 од 28.03.2002 год Општина Зајас.
11. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за дел од населба “Горно Пашино“ – Кичево, донесен со одлука на Советот на Општина Кичево бр.08-309/12 од 26.07.1994 година.
12. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на урбанистичко планска документација за село Туин, промена на сообраќајна инфраструктура на КП.2362 КО Туин.
13. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на урбанистичко планска документација за село Србица, промена на сообраќајна инфраструктура на КП. 1150 КО Србица.
14. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација со која се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти на КП бр.963 КО Другово и КП бр.952 КО Другово, заради утврдување на правен статус на бесправни објекти.
15. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација со која се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти на КП бр.439, КО Свињишта, заради утврдување на правен статус на бесправни објекти
16. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе ДУП за населба Копачка заради вклопување на бесправни објекти.
17. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за Стара Чаршија, донесен со одлука на совет бр.07-1007/3 од 21.06.2001- Општина Кичево.