Ученици од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ гостуваат во Р. Србија

Во рамките ма меѓународниот проект ACES „ Заедно ја креираме, избираме и градиме својата иднина“ дружењето и меѓународната соработка која започна во ОУ„ Кузман Јосифоски – Питу“Кичево продолжува.

Имено, во третата фаза од проектот во период 07-10 март 2013 година 25 ученици и 4 наставници ќе бидат гости во ОУ„ Свети Сава „ Пирот- Р.Србија. На средбата ќе се изврши презентација на сите сработени продукти од проектот и тоа: краток филм “Во земјата на сонцето“ од престојот и посетата на гостите во Охрид, реклама, видео игра од спроведената анкета за насилството во медиумите и резултатите добиени од неа и весник за проектот.

Сето ова ќе биде медимски покриено од домашните медиуми во Република Србија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)