Адвокатите на двобој во Кичево

Категории: Македонија

Адвокатски двобој во Кичево. Поделени, едни „за“ а други против досегашниот управниот одбор на адвокатската комора на Македонија, кои во тензична атмосфера поднесе колективна неотповиклива оставка.

Адвокатите со меѓусебни клевети и навреди ја отворија „Пандорината кутија“ од тоа како комората досега ги штитела интересите на адвокатите.

Примената на законот за адвокатски маркички па до тоа кој каде, како и што злоупотребувал. Зад затворени врати во еден познат ресторан во градот под Крушино на вонредно собрание свикано по иницијатива на неколку стотина незадоволници се отворија сите прашања и проблеми .

Од забелешки за работата на нотарите и извршителите, до тоа дека адвокатската маркичка за некои судови е задолжителна за други не.

Од 2000 адвокати во Македонија над 250 работат со блокирани сметки, 700 не се бришани од административната евиденција.

Поголем дел од нив сакаат чесно да работат, наспротив поединци кои повеќе личат на финансиски моќници и мали олигарси. Досегашниот состав на управниот одбор на комората не можел да се справи со овие проблеми.

Вонредното собрание заврши со одлука новоизбраниот привремен управен одбор во најбрз можен рок треба да организира нови избори за делегати, а,потоа да се избере нов управен одбор кој ќе го врати имиџот во адвокатскиот еснаф.

На критиките упатени врз досегашниот ниту еден член на управниот одбор не сакаше да одговори на критиките, па ни сега веќе екс претседателот Ненад Јанакиевиќ.

Извор: Канал 5

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,