Тачи: Ахмети ќе изгуби во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, во вчерашното интервју за магазинот „Република“ прогнозираше пораз за ДУИ на локалните избори во Кичево. Иако неговата партија даде бланко поддршка за кандидатот за градоначалник на ДУИ, Тачи ги наведува причините поради кои партијата на Ахмети нема да победи.

– Искрено, ќе биде многу интересно. Место 18 000 гласа, кога ќе излезат само 5000, тоа ќе биде категорија на јавен неморал на Ахмети – вели Тачи.

На прашањето зошто го изјавува тоа кога истовремено ДПА ги поддржува ДУИ во Кичево, Мендух Тачи појаснува:

– Да, ние ќе го поддржиме нивниот кандидат, кој нема да победи. Јасно е, разликата е 6500 гласа. Со гласовите на СДСМ и на ВМРО, и на ДУИ од 2011 година, разликаа е јасна. 12 000 и нешто има ДУИ, Руфи (Османи) 600-700, ние 300 гласа, тоа се 13 000. ВМРО 12 000 во сите општини, СДСМ има 6900. Разликата е 5000. Незнам зошто се крие тоа?

Тачи додава дека Албанците како гласачко тело во Кичево сочинуваат 41 % од вкупното гласачко тело. Дополнително, најголем дел од нив не живеат во Кичево, туку во странство, најмногу во Америка, вели Тачи.

Во пресрет на локалните избори кои вчера беа распишани за 24 март, само ДУИ минатата недела како кандидат за градоначалник го промовира сегашниот градоначалник на општина Осломеј, Фатмир Дехари.

Претходно, партијата на Руфи Османи застана зад кандидатурата на ДУИ. Од партијата на Ахмети до овој момент немаат коментар за изјвата на Мендух Тачи.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,