Аајјј, Аајјј, војниче (42)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Деминутив од војник = војниче
Збор, обично изведена именка што во однос на основната именка значи нешто мало или смалено, но тогаш добива значење со повеќе милост, допадливост, топлина …… и секогаш кога не е употребено во поезија, стих или кон мало дете, е ласкавост која служи за „приспивање на одбраните“.
На времето покрај редовните приходи од влезници, спонзорства и др. на фудбалските клубови како дополнителен приход (и не само за нив) им беше дозволено да отворат томболи. Започнуваа со работа во 18: 00 h, па се до 24: 00 h.

Главната премија беше секогаш последна игра во вечерта и носеше многу пари. Една таква томбола поседуваше и ФК „Напредок“ – Кичево. Шеф беше шефот………

Поставеноста на масите каде што играа играчите со ливчињата, беше одделена од столот каде што седеше шефот, како „Белана куќа од минувачи“. На ливчето кое ќе го пријавеше играчот за добитно, контрола вршеше ексклузивно само шефот. Претходно, секое излезено топче од томболата, шефот го пишуваше на сопствен лист. Во почетокот шефот беше не многу заинтересиран за останатите игри, но за главната премија беше секогаш тука. Парите ги исплаќаше во засебна просторија поради „дискреција на сефот со парите“.
Секогаш прво криминалците „градат материјал“, па дури после законодавецот ги инкорпорира тие материјали во закон и санкција.

Имаше еден пробисвет ..бушко. Во неделата 7 – 8 обични и обврзно 1 – 2 главни премии добиваше. За рајата беа доволни коментарите од типот: …. „кај кој оџа ојт на кушање, в .ас е прајн .ичка му матерна, со црнци да не се букат“……..

Ама не било така !!!

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Овој пробисвет го „ставил на проба’’ шефот, така што кога некој од играчите ќе стигнеше до 2 – 3 броја пред добивка (нормално на главната премија) тој ладнокрвно ќе викнеше: …. „Добааар“. Контролира шефот гледа фалат хххх броеви, а пробисветов му сигнализира …..„пола од парите за тебе“. Се руши фронтот. Ај 1 – 2 главни премии, туку и обични почна да добива пробисветов, а шефот веќе се растри од седење цела вечер за „контрола на исправноста“. По кажување на самиот пробисвет, секогаш шефот ко ќе му ги давал парите од добивките, пола ќе си ги клајл в џеп и ќе му речел: … „ .рбушко поќе вака да не прајш“.
Само колку е то „поќе“, не се разбра !!?

Постана сомнително макар и за обичната раја, се само ..бушко и преку недела и за главниве да добиват.
Мораше да се внесе „свежа крв“ ………

Главна премија, добра свота, финиш, почнуваат: …. стенкања, празнење…..аау, уште еден број чека, ајде бе дај го 56……. и се слуша глас: …. „Добааар“. Шефот од стол, ѓо ич незаинтересиран, преку наочари гледа доаѓа кон него со ливче војник (ЈНА тогаш) ……
„ AAJJJ, AAJJ ВОЈНИЧЕ, а бре војниче добило“, од кај си бе војниче ?
– … „Од Кочани“
– ….. „Ајјј а бре ова и „наше“ било“
Нормално, „се е во ред со ливчето“ …..и така многу пати и секогаш со деминутив, Ајјј, пак бе ти војниче, абре ти ѕарлијо си било…….
Само еден Господ знае колку „војничиња“ продофилираа низ томболата сите оние години ………… Ама нели убаво звучи деминутивов војниче во реалност ?!!

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,