ВИДЕО: Голема полициска акција во кумановско Лојане

Категории: Македонија

Во полицската акција „Решето“ изутрината во кумановското село Лојане при претреси во 10 објекти, во шест се пронајдени 34 илегални мигранти, а меѓу нив 13 се малолетни. Приведени се шест лица жители на село Лојане на возраст од 31 до 46 години.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени шест кривични пријави за „криумчарење мигранти“, соопшти на денешната прес – конференција портпаролот на МВР, Иво Котевски. Против лицата кај кои се пронајдени засолнети малолетни мигранти ќе бидат поднесени кривични пријави, за дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку осум години.

Мигрантите, од Бангладеш, Алжир, Пакистан, Авганистан и од други земји, кои преку Грција, Македонија и Србија сакале да стигнат до Западна Европа, биле прифаќани од страна на сопствениците на објектите во кои е извршен претрес, односно за нивно засолнување требало да им платат по 10 евра од ден. При претресите се пронајдени и две ловни пушки и два гасни пиштола.

– Во повеќе наврати и како МВР и како Република Македонија сме апелирале за засилен ангажман и од грчка страна бидејќи за надминување на овој проблем потребно е инволвирање на сите чинители. Факт е дека Македонија се наоѓа под засилен притисок и само годинава имаме петкратно зголемување во однос на бројот на откриени илегални мигранти, изјави Котевски, додавајќи оти ваквиот тренд не е само годинава, туку постои во изминатите неколку години, особено од почнувањето на економската криза во Грција.

Тој нагласи дека МВР ги презема сите неопходни мерки и активности за да спречи наплив на илеглани мигранти во Република Македонија, но, оцени, исклучително тешко е херметички да се затвори која било граница. Потребно е, според него, да се засилат контролите на јужната граница.

Во врска со престрелката пред два дена на ГП Табановце кога едно лице од групата илегални мигранти го загуби животот, а три беа потешко повредени, портпаролот на МВР потенцира дека не е исклучено и во иднина да се појават проблеми од тој тип, но не смее, подвлече, тоа да биде амнестија за лицата кои го извршиле кривичното дело. МВР интензивно постапува по тој случај, информира, и има одредени индиции кои би можеле да го откријат идентитетот на осомничените односно сторителите на извршеното кривично дело.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,