Ама и ја су арно клепе (47)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Времињаа минати, … за тебе старата, за мене младата, пак ќе бидеме баџанаци …Или пак, …ја даваш сликата од поубавиот брат на стројникот, а тој ја носи кај семејството од девојката и ти даваат нишан, збор од страна на бараната дека ќе биде твоја, оти те бендисале сите на слика, ноо …

…Едно земјено џаде* кое води до градот, а по него кој пешки, кој на магаре, коњ …Се сретнуваат двајца, со иста намера да одат денот на пазар. Помладиот во одот како преклапан коњ, грдосија, при зборувањето со гркленски кркорења …

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Едниот од едното село, другиот од друго село. Се поздравуваат: -… „Иш колај гелсн*“. Постариот започнува разговор: Ти кој си, од кај си ?/Е ја су тој и тој што го вода (санки крава) то момичето убо од ……, АМА И ЈА СУ АРНО КЛЕПЕ, па ко ќе си се фатиме, на татко е ќе му горат ушите 1 месец. Коњот цуриг* постариот, со оправдување: – „Заборајв нешто в село, ти глеј си го патот“ ………

Се вратил дома, утепан, јадосан и раскажал пред цела фамилија што го нашло по џаде: ….Сликата што ни ја дале не од зетот, туку од брат му, а зетот го запознав лично …….

P.S. Ами луѓе имале мака што ја испеале: До девет ќерки да имам една на „клепето“ не давам !

Клепе* – силно дрво
Џаде* од Турскиот јазик = пат, друм, …..
Иш колај гелсн* од Турскиот јазик = Со леснотија да е работата, …..
Цуриг* од Германскиот јазик = назад

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,