Американци ќе им помагаат на Демирхисарските билкари

Категории: Демир Хисар

Општината Демир Хисар, речиси со целата своја површина и планинскиот раскош, претставува ретка ендемична природна целина која изобилува со безброј и разновидни природни растителни убавини. Илинска, Плакенска и Бигла Планина се само дел од овој природен раскош кој што се „гуши“ во опојот на најразновидните пиродни илачи – чисти лековити билки и шумски плодови. Планините се богати со различни видови шуми, пасишта, извори на ладна планинаска вода, разновидни растенија како голем и неискористен потенцијал за развој на планински туризам, но и за организирано собирање на билки како можност за дополнителна заработувачка на локалното население.

Не е одамна кога билко собирачите од горноселијата речиси седум месеци во годината собираа најразлични плодови и лековити билки што ги дарувала оваа недопрена природа.
За жал, последниве години заради отсуството од поорганизиран откуп, посебно на лековитите билки, населението претежно се ориентира на собирање на шумски плодови што носат побрза и полесна заработувачка – собирањето на печурки и боровинки чијашто „дарежливост“ најчесто и најмногу зависи од временските услови.

Во функција на поттикнување на локалниот економски развој на општината преку непосредна и конкретна поддршка за билко собирачката дејност, делегација на канцеларијата на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) предводена од директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион, Емилија Гелевска, беше во посета на Демир Хисар и имаше повеќечасовна средба со градоначалникот Љупчо Блажевски. Како што беше речено на средбата, целта на посетата е вклучување на Општината Демир Хисар во проектот „Експанзија на мали бизниси“ што успешно се спроведува во неколку региони на Македонија.

Со оглед на фантастичните природни предиспозиции, Американската развојна агенција е заинтересирана во Демир Хисар да понуди конкретна поддршка со цел, создавање на услови за нови можности за сезонска работа за локалното население и остварување на постабилни приходи.

Од оваа прелиминарна средба произлегоа и контурите на потенцијалната соработка од која што, уште во првата половина од идниот месец може да се очекуваат конкретни чекори, а до крајот на октомври да се организираат првите едукативни работилници за обука на локалното население, но и запознавање на постојните поголеми локални откупувачи со новите правила со коишто ќе се дефинира начинот на собирање, откупување и натамошно предавање на фармацевстката и козметичката индустрија.

Исто така, заменик директорот на проектот Мирјана Македонска најави проширување на поддршката на УСАИД на демирхисарските фармери во производството на добиточна храна, како и поддршка на земјоделците во зголемувањето на приносите на пченка преку воведување поефикасни агро мерки, технологии и земјоделски практики,  воведување на систем капка по капка и подобри сорти на пченка.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,