Кичевчанката Андреа Белеска нова членка на ЖРК Металург

Категории: Слајдер, Спорт

Една од најталентираните млади ракометарки од Кичево, Андреа Белеска, по едногодишен престој во Вардар СЦБТ, од следната првенствена сезона ќе го носи дресот на ЖРК Металург, на тој начин ќе го промени клубот но не и градот, бидејќи останува во Скопје.

Белеска се одлучи на овој потег од причина што во Вардар имаше недоволна минутажа а со тоа и можноста за вистинско докажување беа многу мали.Со преминувањето во ЖРК Металург, се создава вистинска можност младата Андреа играчки да напредува и за две до три сезона да зачука и на репрезенатативната врата.
Инаку во клубот од Автокоманда настапуваат и повеќе ракометарки кои започнале во кичевскиот ракометен клуб или поминале дел од својата играчката кариера во екипата на Кале.Тоа се македонските репрезенатативки: Андреева,Младеноска,Грозданоска и до ланската година Новеска.
Текст и фото:  Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,