Анто Трајаноски избран за претседател на ОО на партијата ГРОМ за Кичево

Категории: Кичево

 


На синоќешната конститутивна седница на партијата Гром ,за претседател на Општиснкиот одбор на оваа партија за Кичево е избран Анто Трајаноски, вработен во компанијата„ Еуроинвест“.
Неговиот избор помина со акламација, бидејќи сите присутни делегати  158 едногласно го прифатија неговиот избор.Покрај новоизбраниот претседател на ОО за Кичево, на конститутивната седница говореше и првиот човек на оваа партија Стевчо Јакимовски, кој најави дека оваа партија ќе биде блиска до народот и дека секогаш ќе ги слуша потребите на граѓаните.
Јакимовки порача дека партијата ГРОМ очекува и посакува, напролет покрај редовните Претседателски, да се одржат и Парламентарни избори, со што сите партии ќе си го одмерат својот рејтинг пред гласачите.
Зоран Антоски

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,