ВИДЕО: Антонио Милошоски во малку поинакво издание

Категории: Магазин, Мултимедија, Слајдер

За политичарите првата претстава е дека се крути, секогаш официјални и ладни луѓе. Но треба да имаме секогаш на ум дека, сепак се луѓе. Помалку или повеќе слични на нас. Професијата неможе да го оддели човек од себе си, од она што му е при срце, од мевлемот со кој си ја покриваме душата, во арно и во лошо.

Антонио, помалку или повеќе го знаеме ние кичевчани. Најмногу си го знаат Ижиштани откаде што му е коренот, го знаат и во вакво расположение. Песната е вечната врска на Македонецот со родната земја, каде и да е. А песната е најубава кога има со кого да си ја испееш. Видеото е од „првиот настап пред публика“ како што самиот вели, на 30 јануари 2004 година, во Ахен, Германија. Поставено е на неговиот канал на You Tube. Снимено е за време на една македонска седенка во „Атеље 21“ на македонскиот уметник Ице Теодосиевски.

Мора да се признае дека „Ахенските филиграни„ звучат одлично. Можеби треба повторно да се соберат :).

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,