Мобилна апликација која решава задачи по математика (ВИДЕО)

Категории: Магазин, Слајдер

Ретко кој не се препотувал на тест по математика. На задачите по математика заглавуваат и математичките генијалци. Но… многу од ова може да се промени во блиска иднина.

Замислете дека на вашиот телефон имате апликација која кога ќе ја отворите, со помош на вашата камера, со препознавање ќе ја реши чекот по чекор задачата која ви е зададена.

Таква е апликацијата PhotoMath. Компанијата има седиште во Хрватска и Лондон. Беше презентирана на TechCrunch Disrupt Europe и веднаш предизвика огромно внимание. Оваа технологија на препознавање е развивана изминативе три години.

Со неа децата ќе можат лесно да ги решаваат задачите по математика. Пред се нејзината корисност е замислена секое дете да има професор по математика во својот џеб.

Апликацијата засега е достапна за кориниците на iTunes. Компанијата која ја развива се занимава со развивање на технологии кои ги продава на компании кои би имале корист од истите. Во секој случај, апликацијата нема да ве направи математички гениј. За тоа ќе треба добро да се испотите. Во секој случај, погледенте ја презентацијата.

 


Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,