Јасер Арафат „најверојатно станал христијанин„ тврди евангелистички свештеник

Категории: Свет

Поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, пред крајот на својот живот „најверојатно станал христијанин“, тврди неговиот пријател, угледниот евангелистички автор и проповедник, Р.Т. Кендал.

Во интервју за едно британско христијанско списание, Кендал вели дека пријателските односи со Арафат се претвориле во чести посети, при што тие двајцата заеднички се молеле.

Кендал открива дека Арафат плачел „како мало дете“, додека со него го гледале филмот на Мел Гибсон „Страста на Исус Христос“, посебно трогнат од сцените на мачењето и распнувањето на крстот. Притоа го прашувал за тоа како може да се стане христијанин.

Евангелистичкиот свештеник не е уверен дека Арафат успеал да биде „спасен“, но верува дека се преобратил во христијанин.

– Ние двајцата се молевме заедно, му направив помазание и му дадов молитва за спас на душата, затоа и не би се изненадил ако се сретнеме давјцата во рајот, вели Кендал, кој попотекло е Американец и е поранешен свештеник во Капелата Вестминстер во Лондон.

Кендал верува дека лидерот на Палестинците и на Фатах на крајот од животот се преобразил во христијанин, затоа што забележал дека секогаш го пречекувал со радост и го испраќал од својот кабинет на Западниот Брег, долго и цврсти стискајќи ја неговата рака.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,