Започна асфалтирањето на патот до манастирот Света Богородица кај Суводол

Категории: Македонски Брод, Слајдер

По повеќемесечна интензивна работа на подготовка на теренот што значеше трасирање и пробивање на потполно нова траса од селото Суводол до возобновениот манастир Св. Богородица, градежната оператива на реномираната струшка компанија „Илинден“, денеска започна со асфлатирање на овој нов локален патен правец. Дожината на трасата е скоро 2 ипол километри, а се поставува квалитетен асфалт со нагазена дебелина од 7 сандиметри. Патот ќе биде широк 7метри, од кои 3 ипол метри асфалтна лента и по 70 сантиметри тампон банкини од двет страни на коловозот.

Како дел од градежните активности, целосно и квалитетно е решено одводнувањето и собирањето на атмосферските води, на поголемите свиоци изградени се неколку поголеми проширувања на теренот за полесно разминување на возилата. Зависно од моменталните временските прилики кои градежниците ги оценуваат како прилично поволни за положување на асфалтот, делницата целосно ќе биде завршена до крајот на следната недела, односно до околу 8 – ми ноември.

По повод отпочнувањето со асфалтирање, денеска градилиштето го посетија претседателот на Советот на Општина Демир Хисар, Кире Ристевски и советникот Јосиф Ристевски кој потекнува и живее во Суводол. Имаа куса средба со техничкиот раководител на проектот и работниците при што не се штедеа при искажувањето на пофални зборови за брзината и квалитетот со кои што се изведуваат работите.

– Ние Суводолчани сме исклучително задоволни што општината и Владата ги препознаа нашите желби и потреби за асфалтно поврзување на манастирчето. А јас како член на Советот се чувствувам гордо и исполнето што со реализацијата на овој капитален проект граѓаните на Суводол, Кутретино, на цела општина Демир Хисар и пошироко, ќе ја препознаат нашата исполнителност во дадените ветувања пред нив, но и што овој живописен предел ќе стане подостапен за сите намерници – верници, излетници, туристи и рекреативци, изјави советникот Ристевски. Во знак на благодарност и признание за квалитетот на изведбата на градежните работи, професионалниот однос и задоволството што се остварува еден убав сон на неговите сограѓани суводолци, советникот Ристевски, утре, за цела градежна оператива ќе организира ручек.

Во краткорочните проекции на општината, предвидено е санирање на оштетувањата на главната селска сообраќајница што минува низ Суводол, направени при изведувањето на канализационата мрежа пред  околу 7 – 8 години.

Инаку средствата за изградба на овој капитален објект ги обезбеди оопштината преку Владата на РМ и Светска банка.

Манастирот Св. Богородица е изграден со средства доделени во форма на грант што го доделија Министерството за култура и Светска банка во рамките на проектот „Развој на општините и културата“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,