Кичево со автопат најдоцна за 6 години

Категории: Кичево, Слајдер

Владата планира да гради три нови автопати во следнте пет до шест години. Како што дознава ekonomski.mk,  инвестицијата e вредна од 600 до 800 милиони евра.

Изградбата на автопатиштата планирано е  да се реализира преку јавно приватно партнерство со кинески компании.

Еден од автопатиштата треба да се гради на потегот Миладиновци-Свети Николе- Штип. За него според првичните анализи потребни се околу 250 милиони евра и се разгледува опцијата автопатот да биде со две или четири ленти.

Вториот автопат се планира да се гради од Гостивар до Кичево и да биде  во две насоки. За третиот се уште се размислува но веројатно ќе биде во источниот дел на Македонија  за да се поврзе со Коридорот 8.

Средства за најавените инфраструктурни проекти ако се реализраат ќе се обезбедат преку ЕКСИМ кинеската банка за поддршка.

Извор: ekonomski.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,