Автопатот кон Кичево ќе се гради со кинески средства

Категории: Кичево, Слајдер

Автопатот Гостивар – Кичево – Охрид како и Миладиновци – Штип ќе се градат со кинески средства – пренесува порталот Економски.мк.

Станува збор за средства од кинеската ЕКСИМ банка. Оваа тема била разговарана при последната владина посета на Кина минатава недела.

Кинезите изразиле интерес за инвестирање во градежништво, медицина и образование.

Кина има оформено фонд од 10 милијарди долари, наменет за инвестиции во Југоисточна Европа. Дел од средствата од овој фонд ќе користи и Македонија.

Србија веќе има користено средства од овој фонд за изградба на Коридорот 11.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,