До јуни повик за концесионер на автопатот Кичево – Гостивар

Категории: Кичево, Слајдер

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува до почетокот на јуни да биде распишан повик за концесионер на автопатските делници Гостивар – Кичево и Скопје-Блаце.

По изготвената физибилити студија, Јанакиески посочува дека Меѓународната финансиска институција ИФЦ ќе анимира што повеќе потенцијални концесионери.

– Патниот правец од Скопје до Охрид, ќе биде предмет на концесија, а физибилити студијата е веќе завршена. Направена е рамката. Нашата цел е до мај ИФЦ да направи повеќе роуд шоа, да анимира повеќе можни потенцијални концесионери и финансиски институции и очекуваме кон крајот на мај или почетокот на јуни да распишеме повик за пронаоѓање концесионер за патната делница од Гостивар до Кичево, како еден пакет, а вториот пакет е од Скопје до Блаце, изјави Јанкиески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата интернет страница на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според Јанакиески, изградбата на делницата од Приштина кон Скопје за која косовските власти да склучат договор најдоцна до март, ќе ја направи делницата Скопје – Блаце поатрактивна за концесионерите.

– Вчера во Тирана имав средба со министерот за транспорт на Косово, ме информираше дека тие веќе имаат избрано градежна компанија и во тек е фаза на жалба. Очекуваат најдоцна во март да склучат договор за работа и да почнат со градба на делницата од Приштина кон Скопје. Тоа уште повеќе ќе го направи пакетот Скопје-Блаце поатрактивен за концесионерите, изјави Јанакиески.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,