Делегација од Демир Хисар во посета на Р. Турција

Категории: Демир Хисар, Македонија

Политичари, советници, јавни службеници, новинари, бизнисмени, активисти на македонските здруженија во Турција, најблиските соработници на градоначалникот на измирската општина Балчова како и економскиот промотор на Република Македонија во Република Турција Алев Сулејман, присуствуваа на неформалната вечера што градоначалникот на оваа измирска општина ја приреди за делегацијата на Општина Демир Хисар што ја предводи градоначалникот Љупчо Блажевски. Градоначалникот на Балчова, за оваа прва неформална средба со неговиот колега Блажевски ја анимирал речиси целокупната балчовичка јавност за да приреди што повеличествен дочек за гостите од Демир Хисар.
На почетокот на вечерата и претходеше кратка вечерна чајанка на терасата на хотелот „Балчова“ каде што е сместена македонската делегација на која балчовичкиот градоначалник го придружуваше и неговата сопруга.
Во кусата здравица, градоначалникот Блажевски неформално ја упати поканата до неговиот колега за што поскорошна посета на Демир Хисар на што градоначалникот Чалкаја одговори:
– Доаѓаме во декември и многу сме радосни заради тоа!
За време на вечерата, двајцата градоначалници, присутните и членовите на демирхисарската делегација, во одвоени и поединечни средби догововараа и разговараа за други детали од воспоставувањето на новите пријателски односи со оваа општина на градот Измир во кој што живеат неколку илјади граѓани со македонско потекло.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,