Лансирани две балистички ракети над Средоземно Море

Руското Министерство за одбрана соопшти дека над Средоземно Море утрово е регистрирано лансирање на две балистички ракети.

Како што јави ИТАР-ТАС, рускиот ракетен сиситем за предупредување од ракетен напад во  Армавир, јужна Русија утрово регистрирал лансирање на две балистички ракети во Средоземно Море.

Траекторијата на ракетите била преку централниот дел на Средоземно море во насока на источниот брег.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот Владимир Путин.

Од НАТО соопштија дека ја проверуваат информацијата за лансирањето на балистички ракети во регионот на Средоземно Море.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)