Кичевчанецот Бла­гој­че На­у­мо­ски ќе из­ло­жу­ва во Њу­јорк

Ли­ков­ни­от умет­ник Бла­гој­че На­у­мо­ски-Ба­не по но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци ќе го има сво­е­то пр­во са­мо­стој­но прет­ста­ву­ва­ње во Њу­јорк, во га­ле­ри­ја­та МЦ.

– Ова ќе би­де мое пр­во прет­ста­ву­ва­ње во Њу­јорк, гра­дот ка­де што умет­но­ста има нај­го­лем број при­вр­за­ни­ци од цел свет. Во САД ќе ја про­мо­ви­рам ли­ков­на­та кни­га-об­јект „Ски­ци за осврт во не­кол­ку кон­цеп­ти“. Па­ра­лел­но со прет­ста­ву­ва­ње­то на оваа ин­ста­ла­ци­ја, пре­ми­ер­но ќе би­де про­мо­ви­ран и мо­јот кра­тко­ме­тра­жен филм „Ба­рај­ќи го чо­ве­кот“. Та­ка што по Бер­лин, ка­де што го­сту­вав пред не­це­ли две го­ди­ни, Њу­јорк ќе би­де мо­јот втор и нај­го­лем ме­ѓу­на­ро­ден пре­диз­вик – ве­ли На­у­мо­ски.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија