Банкротот за Грција – единствена опција

Банкротот е единственото решение за Грција, за да може земјата да одбележи раст и да направи нов почеток, тврди во електронското издание германското списание „Шпигел“.

– Официјално се оди според планот. Во септември Тројката ќе се врати повторно во Атина, за да ја оцени грчката програма за буџетско штедење. Тогаш таа ќе треба да објави дали ќе може да биде одделена следната транша од спасувачкиот пакет од ЕУ и ММФ.

Во практика, тврди списанието, речиси е неверојатно Грција да ги исплати тие 130 милијарди евра. А поневеројатно е дека парите, што и беа дадени на Грција, ќе ја спасат од банкрот, додава „Шпигел“.

– Очогледно е: Грција нема потреба веќе ниту од повеќе време, ниту од повеќе пари. А и спонзорите, најмногу големите земји од еврозоната и ММФ, не можат да и дадат повеќе на земјата. Ако политиката на Меркел и останатите за Грција имала за цел да ја спаси Грција од банкрот, тогаш таа не успеала, истакнува германското списание.

Според „Шпигел“ дошол крајот на таа политика. – Ниту ММФ, ниту европските партнери можат да достават повеќе помош за Грција, без да ја загубат довербата. Тоа значи дека Грција треба да банкротира, додава „Шпигел“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.