Барања за приватизација на државно земјиште може да се поднесат и во недела

Категории: Македонија

min-za-finansiii

Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември, кога е крајниот рок за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8:30 до 19:00 часот.

Според Министерството за финансии, подрачните одделенија на Управата ќе работат и во недела поради големиот интерес за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Барања за приватизација можат да се поднесуваат во подрачните одделенија за првостепена управна постапка при Управата за имотно-правни работи кои се наоѓаат на адресите: Берово – ул. “Димитар Блахов“ бр.10, Битола – ул. “Димитар Илиевски Мурато“ бр.24-б, Валандово – ул.“ 4 Јули “ бб, Велес – ул. “ Панко Брашнар“ бр.1, Виница – ул. “ Бел камен“ бр. 13,Гевгелија – ул. “7 Ноември“ бр.49, Гостивар – ул.“ Браќа Гиновски“ бб,Дебар – ул.“ Вељко Влаховиќ“ бб,Делчево – Бул. “Македонија“ бб, Демир Хисар – ул. “ Битолска“ бб, Кавадарци – ул. “Маршал Тито“ бб (зграда на општината), Кичево- ул. “ Борис Кидриќ“ бр.1, Кочани – ул.“Раде Кратовче“ бр.1, Кратово – плоштад “ Павел Шатев“ бб, Крива Паланка – ул.“Свети Јоаким Осоговски“ бр.175, Крушево – ул.“Никола Ѓурковиќ“ бб, Куманово – ул.“Гоце Делчев“ бб (ДЗГР), Македонски Брод – ул.“Маршал Тито“ бб, Неготино – ул.“ Ацо Аџи Илов“ бб, Охрид – ул. “ Димитар Влахов“ бб (зграда на општината), Прилеп – ул.“ Питу Гули“ бр.2, Пробиштип – ул. “Јаким Стојковски“ бр.3, Радовиш – Бул “ Александар Македонски“ бб,Ресен – ул. “ Борис Кидриќ“ бб, Свети Николе – Плоштад “ Илинден“ бб, Струга – ул. “Димче Ковачевски“ бр.2, Струмица – ул. “ Ленинова“ бб,Тетово – ул.“Дервиш Цара“ бб, Штип – ул. “Васил Главинов“ бр. 4Б,Гази Баба -Скопје – ул.Борис Трајковски“ бб,Карпош – Скопје – ул. “ Никола Русински“ бб,Кисела Вода-Скопје- ул.“Борис Трајковски“ бб,Центар – Скопје- ул. “Даме Груев“ бр.14,Чаир – Скопје -ул.“Бутелска“

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,