Беџети: Ако се спроведеше пописот, Албанците ќе беа под 20%

Академикот Абдулменаф Беџети во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија изјави дека постоеле тенденции, доколку пописот во 2011 се одржеше, процентот на Албанците во Република Македонија да падне под 20%.

„Ќе ви кажам 2-3 работи. Првата критична точка беше намалувањето на цензусот во градот Скопје. Со одредбите што ги предвидовме со Правилникот и начинот на реализирање, Скопје не би имало веќе 20,8% Албанци, колку што имаше со пописот од 2002-ра. Прва опасност беше цензусот во Скопје да падне под 20%, а знаеме дека не е така, бидејќи Државниот Завод за Статистика секоја година известува колку е природниот прираст на населението“, рече Беџети.

На ниво на Македонија, имало меѓу 150 и 200 илјади Албанци кои живеат во странство, каде и биле попишани, а според Законот за попис, немало да бидат предмет на попишување.