Андреа Белеска: Со посветена работа ќе се вратиме во врвот на светскиот ракомет

Категории: Слајдер, Спорт

Андреа Белеска уште една од плејадата кичевски ракометарки, произлезени од РК „Кале“. Моментално настапува во ЖРК „Металург“. Поседува огромен талент и амбиција да успее и пред неа се наѕира успешна кариера.

Андреа има 20 години. Со време ракометот станал нејзина опсесија. Најмногу поради нејзиниот татко кој долго време бил во спортот. На 12 години започнала да тренира ракомет и оттогаш активно се бави со овој спорт.

Белеска имаше интервју за порталот Мак Ракомет. Во интервјуто зборува за нејзините почетоци, за приватниот и професионалниот живот и за желбата да биде дел од екипа која ќе го врати македонскиот ракомет во врвот, таму каде што има потенцијал да се најде. Талентот го имаме, до целта треба труд и работа. Прочитајте го интервјуто на Андреа Белеска за Мак Ракомет, тука.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,