Бериша: Нема да ја водам седницата на парламент создаден од криминал и пари од дрога

Категории: Свет

Како највозрасен пратеник во новиот албански законодавен дом на Сали Бериша му припаѓа правото да ја раководи конституивната седница на Парламентот. Сега веќе екс премиер и поранешен лидер на демократите Бериша, на неговиот профил на Фејсбук пишува дека нема да раководи со седницата закажана за денес попладен во 18 часот бидејќи „ова мнозинство е создаено со измама, криминал, пари од дрога“.

– Јас одбивам да ја отворат седницата на Парламентот. Мнозинството на склупторот (се однесува на лидерот на социјалистите Еди Рама, кој е склуптор) е созадена со измама, криминал, пари од дрога, стои на неговиот профил.

Тој понатаму објаснува дека тоа не го прави поради фактот што неговата партија е во опозиција, туку поради тоа што ова владеачко мнозинство дошло на васт со антиглобалистички измами како оние на Папандреу во Грција.

Според Бериша, пропаднатиот склуптор ползувајќи го како лажен сведок Илир Мета на Албанците им ветил беспалтно здравство, бесплатна легализација, намалување на цените на прехрамбените производи и енергијата за сите Албанци, намалување на даноците за 95 отсто, дека ќе создадел нови 300 илјади работни места, дека ќе ги обештети политичките затвореници со по 25 евра за секој ден минат во затвор.

– Две години по мегаизмамите Папандреу откако Грција и нејзините граѓани ги втурана во најдлабоката криза си купи биледт и исчезна. Набрзо со согурност тоа ќе се случи и со Еди Рама во Албанија. Ова владejачко мнозиснтво нема да опстои затоа што е создадена врз мегаизмами, пари од дрога и организиран криминал, – пишува Бериша на Фејсбук.

Доколку Бериша ( род. 1944 год.) напарави онака како што пишува( а тоа е повеќе од сигурно) тој со седницата ќе раководи вториот по возраст пратеник, Намик Докле од редовите на социјалистите, кој е две години помлад од Бериша. Инаку, Бериша, пред седницата на парламентот ќе си поднесе оставка на функцијата премиер иако до изборот на новата влада на 12 септември ќе остане на истата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,