За мене бермуди и три дена во Охрид (6)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница

Компромис е кога ќе поделиш торта на еднакви делови, а притоа секој да има чувство дека го добил најголемото парче. Но што да се прави кога се нема ама баш ништо да се подели. Е тогаш следи да се подели надеж, ладење на мозокот ……..

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Тројца браќа од една од најстарите кичевски фамилии. Потребите слични, можностите никакви. Летото на прагот, секој со некакво барање после завршената школска година. Видел, не видел татко им, ги собрал и им дал алтернатива: – „Или долги пантолони, или 7 дена летување во Охрид“.

Првиот, највозрасниот кој веќе бил длабоко „инволвиран“ со излегување в корзо, посакал долги пантолони за чалам. Средниот посакал 7 дена во Охрид, оти добро го владеел пливањето (растени „Под Варош“ покрај река Темница). А најмалиот на најкопромисерски можен начин побарал: – …. „ЗА МЕНЕ БЕРМУДИ И ТРИ ДЕНА ВО ОХРИД“.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,