Бесплатен превоз од Кичево за пречек на Јохан Тарчуловски

Утре од Кичево, како и од цела Македонија се организира бесплатен превоз за пречек на македонскиот херој Јохан Тарчуловски. Превозот го организира Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски кое по неговото враќање организира голема народна прослава.

Централната свечена манифестација за дочек на херојот Јохан Тарчуловски која ќе се одржи на Плоштадот Македонија и ќе започне во 16:30 часот. На свечената манифестација ќе има богата културно уметничка програма на која ќе настапат со свои песни најпознатите пејачи на народна и забавна музика од Македонија. Пред започнувањето на манифестација херојот Јохан Тарчуловски ќе положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кај Портата Македонија.

Од Кичево се организирани 6 автобусикои ќе тргнат од полигонот кај Железничката станица во 14.00 часот.