BIG DATA

Големите податоци или големата количина на податоци (Big Data ) се нов прозорец на вредни информации во бизнисот и во денешно време речиси секој поголем ,но и помал бизнис не може да биде во тек со светските трендови доколку една компанија нема одредена информација во точен момент за стартирање на својот нов продукт (најсвеж пример ни е социјалната мрежа Forsquare која на компанијата Аpple и овозможи преку нивната база на податоци да увидат каде и колку има тагирања во продавниците каде ќе се продаваат новитe модели на iPhone6) или сегментација на своите корисници …
Последнава деценија информационите технологии станаа секојдневие на човекот. Денес новата економија или Е-Менаџментот се усовршуваат врз основа на планетарната интернет конекција. Технолошката револуција слична на онаа индустриската од 19 век, дозволи архивирање на еден огромен број податоци. Експоненцијалниот развиток на различните податоци ќе дозволи создавање на еден нов вид стратегија на фирмите базирана врз експлоатацијата на БИГ Дата. консомационите навики на луѓето. Според дефиницијата на официјалната страна на ИБМ: Секој ден ние генерираме околу 2,5 трилиони октети на податоци. Овие податоци доаѓаат од секаде: Пораки по социјалните мрежи, твитови, коментари, нумерички слики видеа, интернет онлајн трговија, сигнали на GPS од мобилните телефони и голем број на други ресурси. Сите овие податоци се наресени BIG DATA или масивни волуми на податоци.

Social-Media-Marketing-Best-Practices-with-Big-Data_big

Секој бизнис или организација си има сопствена мрежа на сервери во кои се зачувуваат базите на податоци и потоа ги обработуваат во зависност од нивната потреба,преку разни софтверски алатки и програмски јазици.Денес и најголемите истражувачки економски центри Gatner и McKinsey институтот обрнуваат внимание во гоелм број на есеи,текстови,вебинари во однос на овај термин и даваат свои размислувања на каде ќе се движат трендовите во иднина и нивните истражувања ги прават најчесто до 2020 година.Големите податоци може да служат во трансакции на големите телекомуникациски компании и банки,можат да служат доколку се наредени во една монолитна архитектура(еден извор на податоци)како во GOOGLE каде што сите вработени можат да земаат кодови за изградба на апликации,податоци за преработка или користење во други сектори.

Најголем дел истражувањата во глобални рамки одат во здравствено осигурување,мануфакторинг,јавниот сектор,пензиски фондови каде што се скенираат податоците и се скратуваат буџетски средства или средства на самите компании .
Со помош на големите податоци на пример САД на здравствени услуги би заштедиле околу една третина од средствата наменети од буџетот.Во ЕУ јавниот сектор би заштедил околу 100 милијарди долари,додека во приватниот сектор односно нафтената индустрија и авиокомпаниите би заштедиле околу 100 милијарди т.е 20 милијарди долари.Тоа се огромни средства кои може да ја подигнат глобалната економија.Наведените работи се само мал дел од многуте примери каде може ефективно да се употребат големите податоци и нивно правилно алгоритамско подредување.До 2009 година на секој сектор на компанија над 1000 вработени во САД имале просек по 200 терабајти на податоци.Американската компанија Oracle преку своите системи има пресметано дека 50% од новите идеи тешко се претвораат во реален продукт,исто така 60 % од вложените средства употребени во некој нов продукт и негова презентација на пазарот се залудно потрошени средства на компаниите итн.Според клучните естимации на Американската консултантка фирма McKinsey предвидува зголемување на Американскиот БДП од 1,7 % до 2020 година базиран врз основа на активностите со БИГ дата. Американската компанија Intel и нивно истражување дошле до заклучок доколку на секои 5 возила ,едно се стави надвор од употреба би се заштедиле 700 милиони галони бензин или 56% од емисиите на штетен гас доаѓаат од автомобилската индустрија.Овде би го додале и податокот дека 5.5 милијарда часови од потенцијалната продуктивност на човекот е изгубена во патување или лошо менаџирање на транспортните системи.
Извор : Le guide de Big Data

До 2020 година според Gatner 80% од бизнис процесот кој се одвивал пред една деценија нема да биде во тренд т.е ќе имаме нови начини на колаборација и модели на соработка додека во телекомуникациите 34% од приходите ќе доаѓаат од нови услуги(ова може да има улога и во тргувањето на берза на акциите на телеком компаниите и дел од информатичката индустрија ) .Тоа е огромна база за која што треба специјално обучени- т.н дата администратори кои преку програмските јазици кои се создадени за контрола и креирање на податоците и нивно вмрежување со програмските јазици кои се создадени за изработка на самиот софтвер доаѓаме до еден комплексен систем на менаџмент кој ќе биде предводен од високо квалификувани инжињери во соработка со други професии што ќе овозможат горенаведените факти да бидат корисни во иднина,бидејќи присуството на интернет на нештата (IoT) – како што се поврзани уреди, сензори и паметни машини – расте, способноста на работи кои треба да се генерираат нови видови на информации во реално време и активно да учествуваат во вредност поток на индустријата, исто така, ќе се зголеми.
Трката на брзи и големи количини на податоци ќе се одвива и во блиската вселена каде што вселенските агенции НАСА,ЕСА,Руската,кинеската се натпреваруваат кој ќе создаде побрз софтвер за обработка на податоците.До 2020 година исто така се очекува и зголемено присуство и лансирање на сателити во вселената кои ќе емитираат податоци од одреден дел на нашата планета и тоа може многу да помогне во региони кои се погодени од природни катастрофи итн(хрватската компанија Amphinicy сосздаде софтвер за обработка на Big Data ,дваесет пати побрз од тој на НАСА со што добија грант од страна на ЕУ фондовите со цел и натамошна соработка на компанијата)

big-data-experts
Во суштина, работите стануваат агенти за себе, за луѓето и за бизнисите(пример автомобил кој го предупредуваа итните служби и осигурителните компании или паметни термостати )и автоматизирано ги распоредуваат услугите.
Технологијата на BIG DATA е разновидна и специјализирана во однос на различните научни сектори. Google ја употребува технологијата Map Reduce, Oracle е специјализиран со SQL,Not only SQL, Yahoo го девeлeопира Hadop која е најупотребената солуција на експлоатација на BIG data податоците. Феноменот на Cloud data е исто така употребуван од страна на голем број фирми од различни сектори. Microsoft своите BIG DATA услуги што ги нуди на корисниците од Европа ги пренасочи преку мрежата на T-System(во сопственост на Deutche Telecom),поради новите закони во САД за заштита на личните податоци.
Употребата на BIG дата сигурно може да го усоврши маркетиншките стратегии на фирмите но нивната употреба треба да биде целосно контролирана во кој приватниот живот на корисникот треба да биде целосно зачуван.
Пристигнувањето на Internet of things технологијата менува све.Податоците ќе бидат нови валути и поле на за диференцијација и конкурентна предност.
ПС-текстот може да служи во повеќе намени(од истражување,подготовка на бизнис план,студиски анализи, реферати,стартап проекти итн…)

Автори на тексот
Томче Илијевски
-Правен факултет-специјалност -меѓународни односи/Софиски универзитет СВ.Климент Охридски
-Oracle Certificate Associate-Java SE7 \Oracle University
Бојан Ристески
Финансии и стратегиски менаџмент/Универзитет Париз 1-Пантеон Сорбона оддел