Богат мајски календар на КУД „ Младост“-Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Како ретко кога КУД „Младост” Кичево, во месец мај ќе има пребогат календар од настапи, и тоа учество на два Меѓународни фолклорни фестивали во Охрид и Радовиш, а ќе биде дел и од хуманитарен концерт во ЦК„ Кочо Рацин” во Кичево, на кој ќе учествуваат и повеќето локални друштва. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција на црквата Свети Атанасиј во селото Премка.

– На 6-ти Мај ќе учествуваме на Меѓународниот велигденски фестивал во село Ораовица – радовишко, каде покрај нашето друштво ќе учествуваат  дури 20  фолклорни ансамбли, поголем дел од странство, а нашето друштво по трет пат ќе биде учесник на овој реномиран фестивал. На 12-ти Мај ќе земеме учество на Меѓународниот фолклорен фестивал што ќе се одржи во Охрид, каде домаќин ќе ни биде КУД„ Охриѓанка”  и каде за прв пат ќе учествува и нашето друштво.
Третиот викенд од месец мај ќе го заокружиме со настап на хуманитарниот концерт што ќе се одржи во ЦК” Кочо Рацин” во Кичево. Средствата од овој хуманитарен концерт ќе бидат намети за реконструкција на црквата Свети Атанасиј во село Премка – информира Зоран Јовески, претседател на КУД„ Младост”.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,