Богата културна програма во Кичево по повод 110 години Илинден

По повод 110 години од Илинден НУ Ц.К Кочо Рацин организира Илинденски Хепенинг, богат со културни настани. Сите настани се одржуваат на платото пред центарот и во фоајето на Центарот за култура.

– 01.08. 2013 (четврток) настап на естрадните уметници и рок групи од Кичево (плато пред НУЦК)
– 02.08. 2013 (петок)Настап на Културно уметнички друштва од Кичево (плато пред НУЦК)
– 03.08. 2013 (сабота) Парче душа – говорење поезија од Блаже Конески (плато пред НУЦК)
– 01,02 и 03.08 (четврток, петок и сабота) 2013 Изложба на фотографии „Кичево и Кичевијата во Илинденското востание“ (фоаје на НУЦК)

Настаните се со почеток во 20.30 часот.