Бојкот на наставата на тетовските средношколци кои учат на македонски

Категории: Македонија

tetovo-gimnazijaУчениците од сите четири години од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ кои наставата ја следат на македонски јазик денеска ја бојкотираа наставата.

Тие заедно со своите родители се собраа во дворот пред бараката каде што учат. Со нив се солидаризираа и учениците Македонци од останатите средни училишта во Тетово.

Повод за ваквата реакција е инцидентот од изминатиот петок кога ученик во трета година беше нападнат од поголема група луѓе однадвор при што од страна на малолетник кој подоцна од страна на полицијата беше оосмничен како сторител му биле зададени три убоди, два во грбот и еден во вратот. Гимназијалците  најавија дека додека не им се обезбедат безбедноста и основните услови за следење на наставата нема да одат на училиште.

– Бараме образование што може да го добиваме без да се плашиме дали ќе бидеме повредени ние или нашите соученици. Бараме безбедност и гаранција дека секој од нас ќе го преживее големиот одмор и дека секој од нас ќе се врати безбедно дома, изјави ученикот во тетовската гимназија Дејан Милосавлевски, кој во името на своите соученици го прочита нивниот проглас.

Нивните родители ги поддржуваат децата во барањата.

– Бараме осуда од сите релевантни структури на обидот за убиство. Бараме одговорност од сите надлежни органи бидејќи и претпладнето имаше инцидент. Соодветни казни според законот за напаѓачите и одговорните. Конечни најави за локалција и временска мерка за дислокалција во соодветни простории на македонските паралелки од гимназијата. Привремено решени со минимални услови за одвивање на наставата по можност во едн смена. Осигурување на безбедноста на учениците и професорите. Барање за вработување на психолог за македонска настава. Потврда за необработување на изгубените денови од бојкотот во сабота или други денови, ги искажа заедничките барања на сите родители и ученици  Марјан Манојловски.

Зорица Трпковска рече дека  учениците во тетовската гимназија се секојдневно гаѓани и  каменувани на среде час и настава бидејќи пешачката патека поминува веднаш до ѕидот од бараката.

– Бараме успех, екстерно, интерно, а од друга страна нема елементарни услови за следење на наставата. Децата треба да ги носиме до школо и да ги земаме. На голем одмор во дворот влегуваат какви не хорди со ножеви и друго. Животот на децата е загрозен, рече Трпковска.

Директорот на гимназијата Намикќемал Мустафа го осуди петочниот инцидент и нападот врз гимназијалецот. Тој  по средбата со учениците и родителите најави дека предложените мерки од нивна страна ќе ги достави со сите надлежни институции.

– Ги сослушав и тоа ќе го пренесам до моите претпоставени, во секторот на општината и градоначалничката и до другите фактори надлежни за решавање на тие проблеми доставени до мене, изјави директорот Намикќемал.

Бараката каде гимназијалците ја следат наставата е дотраена и покрај неколкуте обиди за нејзина обнова а на неколкупати во дворот и околината на училиштето имаше повеќе инциденти во кои гимназијалците беа  напаѓани и навредувани.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,