Значи, та една жена ко ќе се упрајт по еден пат… (28)

Kicevo carsija

Машки берберски салон. Мажи, кој чека ред, кој џабелебарош, кој сеирџија, ама сите зркачи до еден во тоа што ќе помине пред излог. Тема на денот: неверството.

Можам да претпоставам дека можеби и во женските салони помеѓу другото се коментираат, елаборираат мажите, но очекувано, тема во „нашиов машки салон“ се неверствата на жените, оти ние маживе сме „потаман“.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Тези, становишта, аксиоми, наравоученија, искуства, заклучоци еден куп:

– Види: …. „BONUS PENIS PAX EN DOMUS – Добар ..р, мир в куќа“ … рекле Римјаните – ќе чуеш историски пристап на проблематиката.

– „Абе ако е затвориш дома, само децата, кујната и куќата, не е носи овде, не онде, а ти само „надвор“, мојт да „отворит“ од досада, реванш“- ќе се надоврзи друг сакајќи да каже дека и „таа“ е живо суштество.

– „Крива е Америка (Ах, таа Америка) измисли пилула за контрацепција и дозволи на жената сексуална слобода, кај мојше порано бе да се ..ааш, а да не забремениш, сега прај што сакаш и колку сакаш со телото, пак заштитено од бременост“ – ќе се јави лице со медицинска едукација.

-„Море пуштени се голи жениве скрос, немаат перде, пукнато е, а сите сакаме да глеме голо туѓо“- пак некој традиционалист.

-„Е така де, ги пуштивме и тие да одат на работа, да земаат плата, независни за пари, независни со духот, е па све ќе се најт некој да е дружит назависно од нас“ – некој со проширено социолошко толкување на проблемот.

– „Сој бате, ако е од ..рвин сој, што сакаш прај и, џабе ти е, зато кокошка ко ќе купуаш од пазар се прашуат од што сој е, а не жена“ – ќе чуеш некој претпазливец.

– „Ќути бе полошо ќидет (дојде) – се јавил некој „гледач во иднина“.

Шлагворт, вишна на кремот од тортата, капаче на муабетот, газдата на салонот и главен мајстор:

– „ ЗНАЧИ, ТА ЕДНА ЖЕНА КО ЌЕ СЕ УПРАJТ ПО ЕДЕН ПАТ И KO ЌЕ Е УДРАТ ТУЃИ …ИЊА, ТИ НЕ ОСТАЈА, НЕМОЈ ДА Е СКРЕНУЈШ, ТА СИ СЕ УПРАЈЛА И НЕКА СЕ ВОДИТ ПО ТОЈ ПАТ“ …

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако