Божиќна реклама која чини милион фунти (видео)

Категории: Магазин, Слајдер

Секоја година во речиси исто време британската стоковна куќа „Џон Луис“, објавува реклама, која традиционално во Велика Британија го означува почетокот на периодот на подготовките за Божик.

Се чини дека оваа година „Џон Луис“ го има вистинскиот хит, што и не е така чудно ако се има предвид дека оваа година на божиќната кампања се потрошени седум милиони фунти, при што само рекламата чинела милион фунти.

Ѕвезди на овогодишната реклама се детето Сем и неговиот пријател Монти, пингвин, кој станува се поосамен како што се приближува Божик. Музичка подлога на рекламата е каверот „Real Love“ од Џон Ленон во изведба на Том Oдел.

Минатогодишната реклама, во која главните улоги ги има мечка и зајак, на Јутјуб беше птегледна дури 13 милиони пати. Овогодишната реклама е со наслов „Божиот на Монти“ и е седмо дело на Дугал Вилсон. Телевизиската премиера се очекува утре на Канал 4.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: