Спасени браќата од Кичево во снежната блокада кај Орлов камен

Категории: Кичево, Слајдер

Двајца жители на Кичево преживеале вистинска драма отако вчера тргнале од селото Ехлоец пеш кон село Извор и останале заробени во длабокиот снег. По осумчасовна неизвесна борба со снегот висок повеќе од еден метар се вратиле дома.

– Жителите на Кичево Драгољуб С. И Ефто С. родум од село Ехлоец, околу 6 часот наутро од родното село се упатиле кон село Извор одалечено повеќе од 8 километри. Но по изминати 4 километри кај местото викано Орлов камен буквално биле заробени во снегот со висина од над еден метар. Не можеле повеќе да напредуваат во високиот снег. Им преостанало преку СМС порака  да побараат помош за да не останат затрпани во снегот- рече Драгољуб Попоски од ДСЗ  Кичево.

По добената информација за  завеаните  браќа, брзо се организирале и со теренско возило се упатиле кон местото Орлов Камен од каде  што стасала пораката за помош.

–  Едниот имаше воспаление на едната нога. Теренското возило „ровер“ не можеше да се движи низ високиот снег, моравме  на околу 2,5 километри  непрооден терен, да започнеме повеќечасовна борба со белиот покривач. По три часа  надчовечки напор стасавме до беспомошните браќа. Им донесовме храна и вода малку да закрепнат. Следеше завршната операција на враќање до возилото и потоа до Кичево.По 2,5 часа одење чекор по чекор дојдовме до нашето возило, од каде заедно со Драгољуб и Ефто се вративме во Кичево, задоволни што оваа операција имаше среќен крај-рече Драгољуб Попоски од ДСЗ Кичево.

Целата операција беше изведена во координација на ДСЗ Кичево, општина Другово и конфекцијата Кимико од село Извор.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,