Браво Претседателе! (19)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Дојде време и Кичево наше да премине од планинско, неразвиено подрачје во сообраќаен крстопат. Му фалеше уште пруга. Бидна, се изгради пругата, се најави свеченото пуштање, се спремија пионерските марами, се построи работничката класа, касарната, целиот народ.

ДОАЃА ДРУГАРОТ ТИТО …..да ја пушти пругата, беше обзнането на сите звона. „Се тресела гората, се родил глушец“ …..дојде Стане Доланц наместо Тито. Илјадници луѓе се слееја кон новата железничка станица. Ја прошетавме, не „уверуваа“ дека била втора по големина, квалитет …… Дефиле, оркестри, построена цела тогашна општинска свита на перонот, a помеѓу нив и еден висок, мрк човек, (отповеќе исончан – би рекол Берлускони) началникот на милиција.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Застана возот слезе другарот Доланц, аплаузи, се изракува со сите општинари, ни мафна со рака и враќајќи се назад, нешто со задоволство му шепна на уво на нашиот претседател на општина.

После разбравме, му рекол: ….. „БРАВО ПРЕТСЕДАТЕЛЕ мое признание, одлично сте ја запазиле националната структура во општинава и Ром сте ставиле за началник на милиција. Не другар Доланц, тој е Македонец иако личи на ……..

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,