Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2015 година

Категории: Македонија, Слајдер

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2015година за млади истражувачи од Република Македонија доделува  до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научниистражувачи институции во Велика  Британија.

Стипендијата изнесува 800 фунти месечно, со исклучок на Лондон 915 фунти, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Услови  за конкурирање:

–          Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над  8,00;

–          Одлично познавање на англиски јазик;

–          Да не се постари од 30 години;

–          Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:

1.    Молба,  вклучително  адреса на живеење,  е- mail  и контакт телефон ;

2.    Биографија (CV);

3.    Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;

4.    Согласност од институцијата во В. Британија за прифаќање на  студискиот престој;

5.    Копие од диплома за завршено образование;

6.    Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;

7.    Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или сл.), и

8.    Потполнет  формулар (од  www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот пријавен формулар и потребните документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик,  на адреса:

Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54 -1000 Скопје, Сектор за Наука и технолошки развој.

Крајниот рок за поднесување на документите е 20 февруари 2015 година. 

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството, во канцеларија 1410 или на тел. 02 3140-185 или на e-mail: katerina.sumanovska@mon.gov.mk , katerina.sumanovska@gmail.com.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,