Броѓани саделе марихуана па заработиле кривична пријава

Категории: Македонија

Полициската станица во Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.Л.(44), В.Ѓ.(49), Д.К.(23) и В.К.(46), сите од Македонски Брод за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во текот на април 2013 година, по претходен меѓусебен договор, Д.К. од непознато лице од Скопје набавил семки од растението „канабис сатива“, по што и ги дал на неговата мајка В.К., која заедно со останатите пријавени ги засадиле во село Бенче. На 03.07.2013 година, на м.в. „Река“ во атарот на село Бенче, од страна на полициски службеници извршен е претрес и се пронајдени и одзмени седум стебла од растението „канабис сатива“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,